Дома Фудбал Реал барајќи ја новата светска фудбалска ѕвезда потроши 132 милиони евра (ФОТО)

Реал барајќи ја новата светска фудбалска ѕвезда потроши 132 милиони евра (ФОТО)

Реал Мадрид е еден од клубовите кои јавноста го посочува како виновник за трансфер лудилото кое владее во последните години во фудбалот, сепак „кралевите“ во последно време изгледа малку ја променија стратегијата.

Флорентино Перез во минатото два пати го рушеше рекордот за најскап трансфер, прво со Роналдо, па со Бејл. Меѓутоа во последните преодни рокови Реал изгледа се насочи кон пронаоѓање на новата фудбалска ѕвезда и за тоа не штеди пари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал вчера го потврди трансферот на младиот Реинер кој пристигнува од Фламенго за 30 милиони евра, слично како Винисус Жуниор и Родриго кој за високи суми преминуваа во Мадрид.

Реал не купува само бразилски таленти, претходно клубот го доведе најголемиот норвешки талент Мартин Одегард кој во последно време во клубовите каде што игра како позајмен започна да го покажува потенцијалот. Потоа Марко Асенсио кој кога пристигна во Реал важеше за еден од најголемите шпански потенцијали и Кубо кој го носи епитетот „јапонси бисер“.

На овие шест играчи Реал потроши 132 милиони евра и тие пари Реал ги потроши за да го пронајде играчот кој во иднина може да биде голема ѕвезда во светскиот фудбал, дали ќе имаат успех, времето ќе покаже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поради политички скандал откажано полуфинале: На Мароканците им се одземаа дресовите, немаа со што да играат

Со дипломатски скандал беше откажан првиот полуфинален натпревар од Купот на африканските …