Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Челзи сруши рекорд за голман, Модриќ со услов до Перез, Јунајтед го напаѓа Савиќ, Куртоа на чекор од Реал

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Челзи сруши рекорд за голман, Модриќ со услов до Перез, Јунајтед го напаѓа Савиќ, Куртоа на чекор од Реал

transferi

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

– ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– Ова е листата на слободни играчи во овој момент. (ОВДЕ)

– Официјално: Џо Харт е нов голман на Барнли. (ОВДЕ)

– Според некои информации, Барселона за услугите на Погба е спремна да испрати понуда од 50 милиони евра во која би биле вклучени Јери Мина и Андре Гомеш.(ОВДЕ)

– Виљареал ќе му понуди професионален договор на Санти Казорла, Шпанецот после тешката повреда беше на проба во овој клуб. (ОВДЕ)

– Ниту Челзи, ниту Интер, ниту Милан… Изгледа тимот на Евертон победи во трката за доведување на Бразилецот, Бернард. „Скај Спорт“ најавува дека во текот на денешниот ден фудбалерот би можел да пристигне на прегледи.

– Официјално: Јувентус го продаде Марко Пјаца на Фиорентина, но додаде ставка во договорот според која може да го врати за 26 милиони евра. (ОВДЕ)

– Секако и денес една од главните теми е потенцијалниот трансфер на Модриќ. Наводно фудбалер веќе се согласил и ја прифатил понудата од Интер, додека „АС“ наведува дека единствен услов тој да остане во Мадрид е Перез да ја изедначи понудата со онаа на интер (10 милиони евра по сезона). (ОВДЕ)

– Реал спрема тужба против Интер кај УЕФА. „Кралевите“ сметаат дека Интер ги крши правилата на финансискиот фер-плеј. (ОВДЕ)

– Покрај преговорите со Модриќ, Ди Марцио пренесува и дека „нероаѕурите“ отвориле преговори со Кеита Балде од Монако. (ОВДЕ)

– „Мундо Депортиво“ најавува дека Арсенал е спремен да испрати понуда од позајмица за 10 милиони евра со право на откуп за 90 наредното лето за услугите на Осман Дембеле од Барселона. (ОВДЕ)

– „BBC“ тврди дека Манчестер Јунајтед нема да го пушти Погба во Барселона.

Тибо Куртоа не се појавил на тренингот на Челзи, што е јасен знак дека сака трансфер во Реал Мадрид, како негова замена Челзи во последните два дена од преодниот рок би можел да го доведе Џек Бутланд од Стоук за 30 милиони евра (ОВДЕ)

– Римските медиуми пишуваат дека Манчестер Јунајтед со понуда од 100 милиони евра преку Жорж Мендеш ќе се обиде да го доведе Сергеј Милинковиќ Савиќ на „Олд Трафорд“, за таа цел „ѓаволите“ имаат само два дена.

Кевин Миралас утрово ги помина медицинските прелгеди по што ќе ја комплетира позајмицата во Фиорентина.

– ЕКСКЛУЗИВА НА „МАРКА“: Матео Ковачиќ оди во Челзи како позајмен фудбалер! (ОВДЕ)

– Легендарниот стопер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд порача дека „Олд Трафорд“ е домот на Погба и дека тој мора да остане!

Тибо Куртоа и втор ден во низа не се појавил на тренингот на Челзи. Белгиецот во текот на вчерашниот ден требаше да разговара со Маурицио Сари.

– Порто и Бенфика се обидуваат во своите редови да го доведат напаѓачот Бојан Кркиќ.

– Тимот на Парма во еден доведе три засилувања и тоа сите три од Интер. Станува збор за Бјавјани, Бастони и Димарко. (ОВДЕ)

– Италијанските медиуми пишуваат дека доколку Интер не успее да го доведе Лука Модриќ како план „Б“ е означен Илкај Гундоган од Манчестер Сити. (ОВДЕ)

– БОМБА: Челзи ја активираше клаузулата за голманот на Билбао, Кепа Аризабалага и го направи најскап голман во историјата на фудбалот.

– Реал Мадрид испрати порака до Интер. Модриќ се сликаше со новиот дрес. Дали е тоа сигурен знак дека останува во Мадрид (ОВДЕ).

– Милан е силно заинтересиран за ѕвездата на Пари Сент Жермен, Јулијан Дрекслер (ОВДЕ)

– Рома тргнува по играчот за врска на Тотенхем, Виктор Ванијама (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…