Дома Фудбал Мрежите не мируваат: Лигата на шампионите урна два голгетерски рекорда!

Мрежите не мируваат: Лигата на шампионите урна два голгетерски рекорда!

Повеќе од четири гола по натпревар – такво е темпото во Лигата на шампионите на стартот од сезоната 2026/27. Според податоците објавени од УЕФА, досегашните 54 средби донеле 221 погодок, што е нов рекорд за првите три кола.

Досегашната највисока граница беше поставена минатата сезона, кога во истиот период беа забележани 200 гола. Сега таа бројка е надмината за 21 погодок, а просекот изнесува 4,09 по натпревар.

Посебно место во статистиката доби и третото коло. На 18-те дуели одиграни на 20 и 21 октомври паднаа 74 гола – три повеќе од претходниот рекорд за оваа рунда, исто така од сезоната 2025/26. Ливерпул против Виљареал и Наполи против Боде-Глимт славеа со по 4:3, па само овие две средби донесоа вкупно 14 погодоци.

Сепак, најголемиот голгетерски бран сезонава се случи едно коло порано. Втората рунда со 78 гола останува најефикасна во историјата на натпреварувањето, додека третата со своите 74 го зазема второто место. На отворањето на сезоната беа постигнати 69 погодоци.

Колку беше распукано второто коло покажува и податокот дека половина од неговите 18 натпревари завршија со најмалку пет гола. Астон вила го совлада Фенербахче со 6:0, а Ливерпул беше подобар од ЛАСК со 6:3. Победи од 4:3 запишаа Реал Мадрид против Рома и Клуб Бриж против Интер.

Во историската споредба на УЕФА се опфатени групните фази почнувајќи од сезоната 1992/93, како и лигашката фаза воведена во 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нешвил на бод до трофеј, Калахан предупредува: Нема место за опуштање!

Реми во Монтреал ќе му биде доволно на Нешвил за „Сапортерс шилд“, но Би Џеј Калахан бара …