Дома Трансфер зона Казорла се врати, по пробата доби и професионален договор!

Казорла се врати, по пробата доби и професионален договор!

casorla

Помина низ eдна тешка година и се врати во натпреварувачкиот фудбал и докажа дека се уште може да игра на високо ниво.

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Санти Казорла поминуваше низ вистински пекол во претходната година ипол.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се започна со повредата на 19 октомври 2016 година во текот на натпреварот против Лудогорец. Повредата на „ахиловата тетива“ се покажа како повеќе од сериозна, работите се искомплицираа и во еден момент се доведуваше и неговата кариера во прашање.

Прогнозите не беа оптимистични, самиот играч после се потврди дека постоела можност да не ја врати функционалноста на десното стапало, но на крајот сепак успеа да се врати на терените.

Откако му истече договорот со Арсенал на крајот од минатата сезона Казорла доби шанса во Виљареал да се бори за договор.

Пробниот период се покажа како полн погодок, а денес од Шпанија пристигнуваат информации дека двете страни потпишале договор и дека Казорла повторно и професионално ќе заигра за „жолтата подморница“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…