Интер има резервен план за засилување на средниот ред, доколку пропаднат преговорите за трансфер на Лука Модриќ, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Планот Б“ на „нероаѕурите“ е играчот за врска на Манчестер Сити и германски репрезентативец, Илкај Гундоган.
Тренерот на Интер, Лучијано Спалети настокува да биде донесен квалитетн играч за врска. Прв избор е секако Лука Модриќ, но трансферот е тежок за реализација, па поради тоа „нероаѕурите“ разгледуваат резервни опции.
Меѓутоа, трансферот на Гундоган е исто така „тешка мисија“ со оглед на фактот што Гвардиола бара засилување на таа позиција и не сака да помисли да се откаже од Германецот.
Како трета опција се споменува аргентинскиот интернационалец, Леандро Паредес од Зенит.