Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Реал се враќа по „старата желба“, лудо сценарио во режија на ПСЖ, на Мурињо му се брза

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Реал се враќа по „старата желба“, лудо сценарио во режија на ПСЖ, на Мурињо му се брза

transferi

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

– ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– Како што тврди германски „Билд“, Жером Боатенг се наоѓа на излезни врати од Арсена (ОВДЕ)

– „Дон Балон“ најавува дека Реал Мадрид би можел повторно вниманието да го насочи кон англискиот голгетер, Хари Кејн. Перез наводно е спремен да понуди 250 милиони евра. (ОВДЕ)

– Луди вести ни пристигнуваат од Шпанија: Според дел од шпанските медиуми ПСЖ може да влезе во трката за Модриќ со понуда од 220 милиони евра, но би се обидел да го доведе и Ракитиќ од Барселона со „стотка“. (ОВДЕ)

– Челзи би можел да влезе во трка за потписот на играчот за врска на Арсенал, Арон Рамзи со понуда од 35 милиони евра (ОВДЕ)

Мурињо се жали и бара засилувања во финишот од преодниот рок, Јунајтед има уште три дена до затварање на преодниот рок во Англија (9-ти август) (ОВДЕ)

– Шпанските медиуми ги откриваат плановите на Реал Мадрид во случај на заминување на Лука Модриќ (ОВДЕ)

Вилијан „пресече“ и повеќе нема дилеми: Останува во Челзи (ОВДЕ)

– Фулам продолжува со одличниот трансфер период и успеа да постигне договор за доведување на Калум Чемберс од Арсенал. (ОВДЕ)

Џорџо Киелини јавно го зборуваше она што поголемиот дел од фудбалските фанови го мислат: Калдара и Игуаин се жртввувани поради Кристиано Роналдо (ОВДЕ)

– Напаѓачот кој се очекува да го напушти Арсенал, Лукас Перез многу веројатно ќе остане во Премиер лигата, тимот на Вест Хем е спремен да му даде шанса (ОВДЕ)

– Интер влегува во трката за Бразилецот кој е без клуб и мета на Челзи и Милан, пишува „Газета дело Спорт“  Бернард.

– Германски „Кикер“ Жером Боатенг го поврзува со трансфер во редовите на Арсенал, кој се очекува до крајот на преодниот рок (9-ти август) да се засили во одбраната.

– Италијански „Калчомеркато“ пишува дека Погба ги договорил личните услови со Барселона и сега преостанува да се чека на договор помеѓу клубовите! (ОВДЕ)

– Официјално: Кеисуке Хонда нов фудбалер на австралиски Мелбурн Виктори

– Ветеранот Антонио Касано е спремен да се врати, а како што самиот тврди го бараат: Болоња, Сасуоло, Парма, Торино, Емполи и Каљари! (OВДЕ)

– Пред точно четири години на денешен ден Манчестер Сити ги официјализираше трансферите на Јаја Туре, Александар Коларов, Жером Боатенг и Давид Силва.

– Шпанската телевизија „La Sext“ oбјави дека Предраг Мијатовиќ е тој кој што го убедува Модриќ да се пресели во Интер. (ОВДЕ)

– Барселона по прегледите денес и официјално го претстави Артуро Видал како нивни нов играч (ОВДЕ)

– Изгледа дека Маурцио Сари му ја отвори излезната врата на Тибо Куртоа (ОВДЕ

– Oфицијално: Витсел нов фудбалер на Борусија Дортмунд.

– Официјално: Алеш Видал се врати во Севиља и потпиша договор на четири години.

– Мончи на Рома би можел да и обезбеди засилување од противникот на Шкендија, Салцбург. Станува збор за играчот за Диади Самсек (ОВДЕ)

– Милан ја одби понудата од Арсенал за Родригез (ОВДЕ)

– Oфицијално: Астон Вила го доведе како позајмен фудбалер дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Аксел Туанзебе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …