Дома Трансфер зона Рома се насочува кон ѕвездата на Тотенхем

Рома се насочува кон ѕвездата на Тотенхем

И покрај фактот што веќе донесе десет нови засилувања ова лето, спортскиот директор на Рома, Мончи продолжува да работи на засилување на тимот.

Една од главните трансфер цели до затварањето на преодниот рок е доведувања на квалитетен играч за врска. Со оглед на фактот дека не можат да стигнат до договор со Севиља за Стивен Нзонзи, Рома се насочува кон други цели.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека „волчицата“ покажува силен интерес за играчот за врска на Тотенхем, Виктор Ванијама.

27-годишниот кениски репрезентативец пристигна во Тотенхем во 2016 година, а минатата сезона одигра 23 меча за „спарси“.

Во моментов Ванијама има статус на резерва во тимот, па доколку Рома испрати добра понуда, Тотенхем е спремен да му ја отвори излезната врата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…