Дома Трансфер зона Не е само Модриќ: Интер преговара со големата желба од минатото лето!

Не е само Модриќ: Интер преговара со големата желба од минатото лето!

inter

„Нероаѕурите“ му понудиле размена на Монако за поранешниот напаѓач на Лацио.

Не е тајна дека после неуспехот со Видал (заврши во Барселона), главна мета на Интер во преодниот рок беше најдобриот фудбалер на Мундијалот во Русија, Лука Модриќ. Меѓутоа, „нероаѕурите“ паралелна работат и на засилувања во нападот и тоа на крилната позиција, а желба е Кеита Балде Диао.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ќе потсетиме, Сенегалецот беше на чекор од „Џузепе Меаца“ минатото лето, но на крајот за сума од 30 милиони евра премина од Лацио во Монако.

Џанлука Ди Марцио, новинарот на „Скај“ и познат како експерт за трансфери доцна вчера вечер објави дека миланскиот клуб повторно започнал конкретни потези за да стигне до поранешниот напаѓач на Лацио.

Планот на спортскиот директор на Интер, Пјер Аусилио е да му понуди на Монако директна размена на играчи. Кеита би завршил во Милано, а во спротивен правец би тргнал Антонио Кандрева.

Истиот извор наведува и дека сите три страни започнале преговори, но дека се уште нема конечен договор.

Балде минатата година постигна осум погодоци на 33 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…