Дома Трансфер зона Клубови што чекате? Листата од слободни играчи е импресивна!

Клубови што чекате? Листата од слободни играчи е импресивна!

Како се ближи кон крајот преодниот рок, така станува се поинтересно.

Почетокот на преодниот рок обично е резервиран за “натегања“ од сите страни. Клубовите сакаат едно, играчите друго, а агентите нешто трето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, како се ближи крајот на август, така и гардовите на учесниците полека паѓаат, па обично доаѓа до потписи кои долго се очекуваат.

Сепак, играчите кои моментално немаат клуб, односно таканаречените слободни агенти немаат такви проблеми бидејќи тие можат да потпишаат договор и после преодниот рок.

Ова лето листата од слободни фудбалери е импресивна. На неа се наоѓаат неколку фудбалери кои сигурно нема да имаат проблем да најдат клуб, а некои од нив се Бернард (поранешен фудбалер на Шахтјор), Бакари Сако (поранешен фудбалер на Кристал Палас), Бен Арфа(поранешен фудбалер на ПСЖ), Јаја Туре (поранешен фудбалер на Сити) или Глен Џонсон (поранашен фудбалер на Ливерпул).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…