Дома Топ вести Трансфери во живо: Мбапе сака кај Нејмар, Барса плаќа не прашува, Јуве тргнува по Ковачиќ

Трансфери во живо: Мбапе сака кај Нејмар, Барса плаќа не прашува, Јуве тргнува по Ковачиќ

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

– Главната вест на денот доаѓа од Франција. Килијан Мбапе го избра новиот клуб и го извести раководството на Монако (ОВДЕ).


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


– Флорентино Перез стави точка на шпекулациите за трансферот на Герет Бејл. Претседателот на „кралевите“ категорично потврди дека Велшанецот останува на „Сантиаго Бернабеу“.

– Барселона е многу блиску до комплетирање на трансферот на Филипе Кутињо од Ливерпул. ЕСПН тврди дека веќе е постигнат договор и во наредните денови трансферот ќе биде официјален (ОВДЕ).

– Челзи се приклучи во трката за десниот век на Валенсија, Жоао Кансело. За Португалецот интерес покажаа Јувентус, Интер и Тотенхем, а неговата цена изнесува околу 25 милиони евра.

– Неверојатно: Медиумите тврдат дека Барселона е спремна да плати 150 милиони евра за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Осман Дембеле (ОВДЕ).

– Мино Раиола стапил во контакт со Милан и му ги соопштил условите за враќањето на Ибрахимовиќ. Познатиот агент „измисли“ неверојатен договор за својот пулен (ОВДЕ).

– Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер уште еднаш потврди дека нема да ги разгледува понудите за Алексис Санчез и дека Чилеанецот сигурно останува на „Емирати“.

„Не можам да ви кажам дали сме добиле понуда. Мислам дека веќе кажав дека ниту една понуда нема да биде разгледа. Веројатно ПСЖ и не го сака. Колку што знам тие се свртија кон доведување на Мбапе“, изјави Венгер.

– Јувентус и Милан покажуваат интерес за фудбалерот на ПСЖ, Грегори Криховјак кој ова лето сигурно ќе ја промени средината бидејќи за него нема место во тимот на Унаи Емери.

– Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус тргнува по играчот на Реал Мадрид, Ковачиќ и дека веќе стапиле во контакт со неговиот агент. „Старата дама“ ќе се обиде да го донесе Хрватот на позајмица со право на откуп.

– Спортскиот директор на Милан, Масимо Мирабели потврди дека до крајот на преодниот рок ќе пристигне еден врвен напагаѓ на „Сан Сиро“ и дека тоа ќе биде еден од: Обамејанг, Диего Коста или Калиниќ.

– Официјално: Валентин Ејсерик е нов фудбалер на Фиорентина. Италијанскиот клуб на Ница за неговиот потпис ќе и плати 3,5 милиони евра.

– Аталанта е на чекор од големо засилување. Италијанските медиуми пренесуваат дека клубот од Бергамо е спремен да плати 13 милиони евра за Мартен де Рон од Мидлсборо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Општа тепачка на кошаркарски натпревар, претепан кошаркар🎥

Пријателскиот натпревар во СРЦ „Кале“ меѓу ТФТ Скопје и Чаир 2030 не го дочека својот крај…