Дома Трансфер зона Вакво нешто може да смисли само Раиола – Ибра добива неверојатен договор!

Вакво нешто може да смисли само Раиола – Ибра добива неверојатен договор!

Златан Ибрахимовиќ игра за 1.5 милиони по сезона?

Звучи како шега, но всушност, ова е договорот кој Мино Рајола му го понудил на Милан, кој е заинтересиран за својот поранешен напаѓач. Тој нема да може да игра до пролет, ќе почека до јануари за да потпише, а и Манчестер Јунајтед размислува да му понуди нов договор. Но, Милан ја има следнава понуда: од јануари до крајот на сезоната за Ибра да плати милион евра, плус бонуси за секој натпревар кој ќе го одигра.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Кога Ибра ќе се опорави во март или април, тој сигурно би можел да одигра десет или повеќе натпревари, па пресметката на Рајола е јасна. „Не алудираме на Ибра, но понекогаш тие приказни за враќање имаат среќен крај“, ги поттикнуваат фантазиите на љубителите на Милан директорите на „Росонерите“.

Но, на Милан им треба напаѓач веднаш. Отпадна варијантата околу Диего Коста (изгледа дека Бразилецот има ветување дека Атлетико ќе го купи во јануари), и моментално најблиску до „црвено-црниот“ дрес е Калиниќ, додека желба на навивачите е Обамејанг.

Буџетотот на Милан за напаѓач изнесува максимално 30 милиони евра, па се очекува дека во финишот на трансфер периодот ќе се затвори приказната со Хрватот Калиниќ. Што се однесува до Ибра, имаат време да размислат до јануари, тој би сакал да се врати во градот во кој ќе живее откако ќе ја заврши кариерата, па сега клубот е на потег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Брајтон не го сака, а во Барселона е „вишок“: Дали овој клуб е наредна дестинација на Ансу Фати?

Ансу Фати нема да остане во Брајтон по едногодишна позајмица, но за него веројатно нема ме…