Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Директорите на Јувентус на пат за Мадрид, Балотели има нов клуб, Заза наскоро „росонер“…

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Директорите на Јувентус на пат за Мадрид, Балотели има нов клуб, Заза наскоро „росонер“…

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа. Пред да започнеме можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот.

– Започнуваме со темата која сигурно и во текот на денешниот ден ќе биде број еден – Кристиано Роналдо и Јувентус. Како и што вчера беше најавено, состанокот на Мендеш и Флорентино Перез е закажан за вечерва и токму тука ќе се одлучи иднината на Роналдо. (ОВДЕ)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


– Според последните информации на англиски „Мирор“ Ливерпул се откажал од доведување Јан Облак и Алисон Бекер, па Лорис Кариус и во наредната сезона ќе остане прв голман на „црвените“.

– Италијанскиот новинар, Танкери Палмери пишува дека освен Игуаин, Јувентус за Роналдо е спремен да го жртвува и Паоло Дибала. (ОВДЕ) 

– Поранешниот спортски директор на Јувентус, Лучијано Моџи излезе со изјава во јавноста дека Кристиано Роналдо веќе во Минхен ги поминал медицинските прегледи (ОВДЕ)

– Некогашниот фудбалер на Палермо и Милан, Антонио Ночерино во наредната сезона ќе го носи дресот на клубот кој испадна од Серија, А, Беневенто.

– Според информациите на англиските медиуми, Џердан Шаќири е на мета на Манчестер Јунајтед. (ОВДЕ)

– Братот и агент на Гонзало Игуаин, Николас тврди дека напаѓачот не го договорил трансферот со Челзи и дека би било одлично кога во Јувентус повторно би играл во ист тим со Роналдо. (ОВДЕ)

Марио Балотели одбил богата понуда од Кина, негова наредна дестинација се очекува да биде Олимпик Марсеј. (ОВДЕ)

– Атлетико Мадрид за услугите на Хрватот од редовите на Милан, Никола Калиниќ испратил понуда од два милиони евра за позајмица со право на откуп наредната сезона за сума од 18 милиони евра. Од друга страна Милан бара вкупно 25 милиони евра.

Џек Вилшер кој го напушти Арсенал по истекот на неговиот договор е во сериозни преговори со премиерлигашот Вест Хем.

– После „Билд’ во текот на вчерашниот ден, денес и „Кикер“ пишува дека Баерн ја завршил работата околу француското „откритие“ Бенџамин Павард и следното лето ќе ја плати неговата откупна клазула во износ од 35 милиони евра. (ОВДЕ)

– Во Интер и понатаму го чекаат одговорот од Тотенхем за нивниот играч за врска Муса Дембеле. (ОВДЕ)

– Започнува трката за дефанзивецот на Барселона, Јери Мина кој на Мундијалот за Колумбија постигна три погодоци. Каталонскиот „Спорт’ пишува дека Евертон понудил 25 милиони евра, додека Фенербахче е спремен да плати пет повеќе.

– Според информациите на „Дејли Стар“ бекот на Јувентус, Алекс Сандро прифатил трансфер во Манчестер Јунајтед, зделката се очекува да изнесува 53 милиони фунти.

ГОТОВО: Бекот на Реал Мадрид Ашраф Хакими се сели во Борусија Дортмунд, на двегодишна позајмица (ОВДЕ)

Официјално: Ајнтрахт Франкфурт го доведе Лукас Торо од Осасуна за 1.75 милиони евра.

Официјално: Реал Бетис потпиша договор со голманот Паул Лопез до 2023. Ова е само уште една потврда за трансферот на Антнио Адан во Атлетико Мадрид.

Oфицијално: Италијанскиот голман Федерико Маркети го комплетираше трансферот во редовите на Џенова.

– Според „Le10Sport“, Барселона размислува за ангажман на Илкај Гундоган од Манчестер Сити (ОВДЕ)

– Реал Мадрид утрово на својата официјална страна ги претстави дресовите за новата сезона, а на фотографијата го немаше Кристиано Роналдо (ОВДЕ)

– Денес добивме и официјална потврда: Фабиан Руиз е нов фудбалер на Наполи.

Хатем Бен Арфа би можел да се пресели во шпанската Примера, во овој момент во игра се Севиља, Виљареал и Валенсија. (ОВДЕ)

– Стигна потврда од агентот на Симоне Заза, Италијанецот наскоро ќе го комлетира трансферот во редовите на Милан. (ОВДЕ)

– Повеќе нема дилеми, Марио Балотели кариерата ќе ја продолжи во франциски Марсеј каде што ќе биде најплатен играч на тимот со договор вреде 7.2 милиони евра (ОВДЕ) 

– Според последните информации, директорите на Јувентус со приватен лет се упатиле за Мадрид на финализација на договорот, а Роналдо веќе во сабота би требало да пристигне во Торино (ОВДЕ)

– ИЗГЛЕДА Е ГОТОВО: Реномираната „Марка“ објави дека Флорентино Перез ја прифатил понудата од Јувентус! (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и ш…