Дома Трансфер зона Флорентино Перез закажал итен состанок со менаџерот на Роналдо!

Флорентино Перез закажал итен состанок со менаџерот на Роналдо!

Јасно што е главна тема во текот на денешниот ден, а ќе биде сигурно и во наредните – Кристиано Роналдо и Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, сите светски медиуми на големо пишуваат за трансферот на Роналдо во Јувентус. Според последните информации Реал Мадрид ја прифатил понудата од 100 милиони евра, а Португалецот во со „старата дама“ би потпишал договор на четири години со плата од 30 милиони евра по сезона.

Најновата вест поврзана со оваа тема ја пренесува шпанска „Марка“.

Како што пренесува реномираниот медиум, Флорентино Перез закажал итен состанок со агентот на Роналдо, Жорге Мендеш.

Планирано е состанокот да биде одржан најдоцна утре, а секако ќе се разговара за иднината на Роналдо, односно понудата од Јувентус.

Повикувајќи се на свои извори весникот пишува и за нарушениот однос помеѓу Роналдо и Перез и во последниот период. Наводно, Роналдо во Мадрид не се смета за доволно почитуван.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…