Во шпанските медиуми вчера се појави вест дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Реал и кариерата ќе ја продолжи во Јувентус, а трансфер сагата продолжува и денеска.
Италијанските медиуми во неколку наврати објавија дека менаџерот на Роналдо Хорхе Мендес имал разговори со челниците на Јувентус и дека условите се договорени. Јувентус е спремен да плати околу 120 милиони евра, а официјална понуда наскоро би требало да биде на масата на Кралевите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По повод овие гласини се огласи и поранешниот генерален директор на Старата дама Лучијано Моџи кој изјави дека Роналдо веќе потпишал за Јувентус. Моџи кој беше во центарот на скандалите околу наместени натпревари во 2006 година порача дека во наредните денови трансферот ќе се официјализира.
„Роналдо веќе потпиша за Јувентус. Ги помина медицинските прегледи во Минхен. Тие сакаа се да помине во тајност и тоа им успеа. Сепак, моите извори ми открија дека се е завршено и дека Роналдо е нов играч на Јувентус.“ – изјави Моџи.