Дома Трансфер зона Дембеле го напушта Тотенхем, следна дестинација Серија А?

Дембеле го напушта Тотенхем, следна дестинација Серија А?

Во овие моменти изгледа сосема реално.

Од поодамна е познато дека Муса Дембеле е спремен за промена на средината.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Репрезентативецот на Белгија има уште една година од договорот со Тотенхем и се по извесно е дека ќе ја промени средината, се споменуваше можноста кариерата да ја продолжи во Кина, но сега во прв план се истакнуваат понудите од Серија А.

За неговите услуги сериозен интерес покажува Интер, тука беше и Јувентус, но „старата дама“ сега целото внимание го насочи кон Кристиано Роналдо.

Интер има идеја да Дембеле да игра во средината заедно со Наинголан, со што сметаат дека би создале конкурентен тим како во Серија А, така и во Лигата на шампионите каде што се враќаат после пауза од шест години.

Од друга страна, Тотенхем, наводно веќе има спремно замена и од редовите на Пари Сен Жермен – Адриен Рабиот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анте Ребиќ се враќа во Серија А?

Хрватскиот фудбалер Анте Ребиќ од следната сезона би можел повторно да игра во Серија А. И…