Дома Трансфер зона „Гужва“ за потписот на Бен Арфа, а тој сака во Шпанија

„Гужва“ за потписот на Бен Арфа, а тој сака во Шпанија

ben arfa

Еден од најконтроверзните фудбалери, фудбалерот кој го носи прекарот „лошото момче на францускиот фудбал“ би можел да направи трансфер во шпанската Примера.

Хатем Бен Арфа се наоѓа во преговори со Севиља, пренесува „Мундо Депортиво“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот весник наведува дека спортскиот директор на клубот од Андалузија, Хоакин Капарос е сериозно заинтересиран за офанзивниот играч за врска, но тренерот Пабло Мекин не е премногу воодушевен.

Се наведува дека Французинот е спремен да игра и за помала плата, а покрај Севиља интерес за неговите услуги покажаа уште Виљареал и Валенсија.

Бен Арфа го привлече вниманието и на Бешикташ, Галатасарај, Динамо Киев, Фламенго и Тигре, но тој сака исклучиво во Примера.

Пари Сен Жермен без проблем ќе го пушти да замена бидејќи во изминатата сезона Бен Арфа не одигра ниту една минута за францускиот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…