Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Роналдо главна тема, Баерн го купува француското „откритие“, ПСЖ му нуди размена на Челзи

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Роналдо главна тема, Баерн го купува француското „откритие“, ПСЖ му нуди размена на Челзи

Светското првенство е централна тема во фудбалскиот свет, но полека се „разгоруваат“ трансфер шпекулациите и трансфер пазарот станува се поинтересен.

Ова лето сигурно не очекуваат многу „жешки“ и бомбастични трансфери, па најверојатно повторно ќе биде срушен трансфер рекордот. Нашата редакција од денес, па се до завтворањето на трансфер пазарот, благовремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации со рубриката „трансфери во живо“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– Трансферот на Кристиано Роналдо е главна тема во сите светски медиуми. Во овој момент Португалецот е поблиску до трансфер во Јувентус, отколку останување во Реал Мадрид ( деталите можете да ги видете ОВДЕ).

– „Кралевите“ не седат со скрстени раце и веќе пронајдоа замена за Роналдо. Француските медиуми лансираа „бомба“ и тврдат дека веќе е договорен трансферот на Килијан Мбапе што ќе биде нов светски рекорд.

– Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе ја пронашол замената за Калиниќ кој е блиску до трансфер во Атлетико Мадрид. „Росонерите“ веќе имаат договор со Симоне Заза и започнале преговори со Валенсија. (ОВДЕ) 

– Готово: Шпанскиот играч за врска Фабиан Руиз ги помина лекарските прегледи во Наполи, кој ќе ја плати неговата откупна клаузула од 30 милиони евра. Наскоро се очекува официјализација на трансферот.

– Францускиот репрезентативец Стивен Нзонзи го известил раководството на Севиља дека сака трансфер. Негова следна дестинација ќе биде Премиер лигата, најверојатно Арсенал.

– „Марка“ излезе со нови информации околу трансферот на Кристиано Роналдо. Наводно Португалецот веќе бара куќа во Торино, а неговиот агент Жорге Мендеш денес слетал во Италија на завршни преговори со „бјанконерите“.

– ПСЖ, Челзи и Манчестер Јунајтед го сакаат капитенот на Милан Леонардо Бонучи. „Росонерите“ за сега одолеваат на „нападите“ и ги одбиваат сите понуди, но останува да видиме дали ќе истраат до крај.

– Челзи ја одби првата понуда од Барселона за Вилијан. „Сините“ се спремни да го пуштат Бразилецот, но само доколку пристигне понуда од 80 милиони евра.

– Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер се насочува кон Матео Дармијан. „Нероаѕурите“ веќе стапиле во контакт со менаџерот на десниот бек и наскоро се очекува да испратат прва понуда до Манчестер Јунајтед.

– Младиот играч за врска на Милан, Мануел Локатели е пред трансфер во Сасуоло на едногодишна позајмица со право на откуп.

– Дефанзивецот на Севиља, Клемент Ленгле одбил да потпише нов договор со клубот од Андалузија и сака да се пресели во Барселона.

– Челзи е на добар пат да комплетира две нови засилувања за следната сезона. Станува збор за дефанзивецот на Јувентус Даниеле Ругани (40 милиони евра) и Александар Головин од ЦСКА Москва за 25 милиони евра.

– Лестер ја прифати понудата на Манчестер Сити за Ријад Марез од 60 милиони фунти, па Алжирецот се очекува до крајот на неделата да пристигне на лекарски прегледи во Манчестер.

– Искусниот португалски дефанзивец Бруно Алвеш денес пристигна во Италија и наскоро треба да потпише договор со Парма.

Марко Пјаца е на чекор до трансфер во Фиорентина. Хрватот веќе се договорил со „виолетовите“, а би требало да пристигне на едногодишна позајмица од Јувентус со право на откуп за 25 милиони евра.

– Oфицијално: Лаутаро Мартинез е нов фудбалер на Интер.

– Реал Мадрид излезе со официјално соопштение по повод веста дека го договориле Килијан Мбапе (ОВДЕ) 

– Пепе Реина како слободен играч се пресели во Милан, Наполи од моментот кога беше информиран тргна во потрага по нов чувар на мрежата и сега изгледа работата е завршена. Нов голман на Наполи ќе биде младиот 21 годишен, Алекс Мерет, за сума од 35 милиони евра. (ОВДЕ)

– Според информациите на италијанските медиуми, Јувентус и Челзи се договориле за трансфер на Гонзало Игуаин кој би пристигнал во Лондон за сума од 60 милиони евра. Наводно, договорот е постигнат и се чека само Маурицио Сари да биде промовиран за нов тренер на „сините“, па целата зделка да биде и официјализирана. (ОВДЕ) 

– Според информациите Баерн Минхен тргнува по француското откритие на Мундијалот, Павард. (ОВДЕ) 

– Атлетико Мадрид за еден милион евра од редовите на Бетис го доведе поранешниот голман на Реал Мадрид, Антонио Адан. (ОВДЕ)

– Новинарите на „Скај“ до Марота: „Роналдо“? Неговиот одговор: „Немам коментар“ (ОВДЕ)

– Еминентниот „Екип“ пренесува дека „светците“ се спремни да му предложат размена на Челзи и во замена за услугите на Канте во спротивен правец да го испратат Адриен Рабио. (ОВДЕ)

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер се засилува со ѕвездата на Интер бесплатно

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…