Дома Фудбал Игуаин сака да остане во Јувентус за повторно да игра со Роналдо!?

Игуаин сака да остане во Јувентус за повторно да игра со Роналдо!?

Овие денови се појавија информации дека Роналдо би можел да направи сензационален трансфер и ова лето дресот на Реал да го замени со оној на Јуве.

Некои веќе сметаат дека работата е готова, а сега интересно звучи и изјавата на Роналдо од април оваа година кога после овациите на Алијанц стадионот порача „Јувентус е клубот кој го сакам од детството.“

Нешто порано се појавија шпекулации дека неговиот поранешен соиграч од Реал, Гонзало Игуаин би можел да го напушти Јуве и дека веќе почнал преговори со Челси.

Сепак, сега братот на Гонзало и менаџер Николас Игуаин ги демантира преговорите со Челси, но и порачал дека ќе биде убаво повторно да го види неговиот брат со Роналдо во иста екипа.

„Не преговараме со Челси. Гонзало сака да го испочитува договорот со Јувентус, а ќе биде убаво да се видат Игуаин и Роналдо да играат заедно.“ – изјави Николас за Скај Спорт, а пренесува новинарот Фабрицио Романо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го запре налетот на Комо: Два гола за 19 минути и нов удар за Фабрегас

Еспозито и Турам ја решија пресметката на „Сан Сиро“ со 2-0, а Комо по шест победи во низа…