Додека фудбалскиот свет е во исчекување на состанокот кој е закажан за вечерва помеѓу Флорентино Перез и Медеш, агентот на Роналдо, од официјалната страна на „кралевите“ изгледа добивме информација каков ќе биде епилогот.
Имено, денес на официјалната страна на актуелниот европски шампион беа претставени дресовите за наредната сезона, а на фотграфијата се појавија пет играчи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Карим Бензема, Марсело, Серхио Рамос, Марко Асенсио и Тони Крос беа фудбалерите кои добија место на фотографијата,
Каков епилог ќе добиеме на состанокот кој како што сите медиуми најавија ќе биде одржан вечерва, покажува фактот што за прв пат на една ваква фотографија го нема Кристиано Роналдо.
Роналдо од кога е играч на Реал Мадрид, во претходните години секогаш беше дел од претставувањето на дресовите за новата сезона.
?⌛ ¿Has visto nuestras equipaciones de 2018/19? ¡Entérate de la historia que hay detrás de una de las camisetas más famosas del Mundo en el especial de nuestra web!
? https://t.co/aU6vvaGck1#HalaMadrid pic.twitter.com/MhOsRZWyJN
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) July 5, 2018