Дома Топ вести Трансфери во живо: Интер на преговори во Ливерпул, Навас повторно во Шпанија, Санчез се врати во Лондон

Трансфери во живо: Интер на преговори во Ливерпул, Навас повторно во Шпанија, Санчез се врати во Лондон

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

Кутињо е најголемата желба на Барселона за замена на Нејмар, па Каталонците ја зголемија понудата на 100 милиони евра. Меѓутоа „црвените“ експресно ја одбија и оваа понуда на Барселона (ОВДЕ).


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


– Шпанските медиуми пренесуваат дека Иско не е задоволен од својот статус во Реал Мадрид и побарал состанок со Зидан. Доколку ништо не се промени плејмејкерот е спремен да го напушти „Сантиаго Бернабеу“. (ОВДЕ)

– Фиорентина е силно заинтересирана за Емре Мор од Борусија Дортмунд. Првата понуда од 10 милиони евра „милионерите“ ја одбија, но „виолетовите“ денес испратиле нова понуда тешка 12 милиони евра плус бонуси.

– Милан се враќа во трката за Кеита Балде. „Газета дело Спорт“ пренесува дека „росонерите“ понудиле 30 милиони евра. За играчот силен интерес покажуваат Интер и Јувентус кои не се спрмени да понудат толку пари, но Кеита преферира преселба во Јувентус.

– Каталонски „Спорт“ кој секогаш е добро информиран за случувањата во Барселона, тврди дека каталонскиот клуб тргнува по ѕвездата на Атлетико, Антоан Гризман и е спремна да ја плати откупната клаузула која изнесува 100 милиони евра. (ОВДЕ)

– Покрај Нејмар, раководството на ПСЖ работи и на други засулувања. Веќе го комплетираа трансферот на аргентинскиот дефанзивец Хуан Фојт од Естудијантес, а сега се заинтересирани и за играчот за врска на Андерлехт, Леандер Дендокер (ОВДЕ).

– Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Серж Орие во моментов не може да ја напушти Франција бидејќи има проблеми со законот. Следната недела ќе оди на сослушување, па доколку суот му одобри излез од земјата, тогаш „црвените ѓаволи“ ќе го комплетираат трансферот (ОВДЕ).

– Милан ја продолжува потрагата по врвен напаѓач. „Росонерите“ имале контакт со агентот на Обамејанг кој преферира преселба на „Сан Сиро“, но проблем се големите барања на Борусија Дортмунд. Што се однесува до Диего Коста тој сеуште преферира преселба во Атлетико Мадрид, но не ја исклучува можноста за трансфер во Милан.

– Резсрвниот голман на Барселона, Јаспер Силесен не сака повеќе да биде резерва и изразил желба да ја промени средината. Каталонски „Спорт“ пренесува дека Кристал Палас и Бенфика се заинтересирани за голманот.

– Мурињо е во потрага по уште еден играч за врска, а англиските медиуми пренесуваат дека е заинтересиран за својот сонародник од Барселона, Андре Гомеш (ОВДЕ).

– Една од најголемите сапуници ова лето се наближува кон својот крај, Бразилецот Нејмар пристигна во Дубаи. (ОВДЕ)

– Официјално: Хесус Навас се врати во Севиља

– И покрај големите најави за заминување, Алексис Санчез денес се појави на тренингот на Арсенал.(ОВДЕ)

– Дефанзивецот на Баерн Минхен, Холгер Бадштубер најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во редовите на Штудгарт.(ОВДЕ)

–  Eкипата на Интер наводно веќе и спремила понуда за Садио Мане вредна 35 милиони фунти. Мане во минатата сезоната постигна 13 погодоци на 27 натпревари во Премиер лигата (ОВДЕ)

– Екипата на Валенсија веќе неколку денови води преговори со Интер за трансфер на Мурлио, проблем е оштетата, италијанскиот клуб бара 15 милиони евра.

– Младиот фудбалер на Манчестер Сити, Даглас Луиз е третиот фудбалер ова лето кој потпишува за шпанска Гирона.

– Откако Емануеле Џакерини го одби, Андреа Страмачиони во Спарта го доведе фудбалерот Џонатан Бјабјани.

– Напаѓачот на Манчестер Сити, Келечи Инхеначо е пред трансфер во екипата на Лестер, се очекува „граѓаните“ за овој трансфер да добија 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид следното лето носи две ѕвезди бесплатно

Реал Мадрид ова лето го доведе Килијан Мбапе без обештетување како слободен играч, а сега …