Дома Фудбал Англија Ливерпул со отсечно „не“ за понудата вредна 100 милиони, а тоа значи …

Ливерпул со отсечно „не“ за понудата вредна 100 милиони, а тоа значи …

Ливерпул ја одби првата понуда на Барселона за Филипе Кутињо. Како што пренесува добро информираниот, Радио Монте Карло, Ливерпул без размислување ја одбил понудата од Барселона од 100 милиони евра.

Каталонците го означија Кутињо како примарна мета кога ќе замине Нејмар, но преговорите ќе се одвиваат многу тешко.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јирген Клоп порано денес нагласи дека Кутињо нема да замине по ниедна цена, а тоа Ливерпул сега и го докажа.

Останатите медиуми сега јавија дека Барселона ќе се насочи кон Дибала, и тоа моментално звучи како единствено решение, бидејќи Антоан Гризман исто така е невозможна мисија.

Ситуацијата не е подобра ниту со Дибала, Јувентус нема намера така лесно да се откаже од својот најдобар играч, иако Барселона сега
ќе мора да нападне со сите понуди.

Барселона нема многу избор, ниту време, сезоната почнува за две недели со двомечот со Реал во Суперкупот на Шпанија, а Нејмар веќе ги пакува куферите и ја букира картата за Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…