Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Алисон отпатува за Англија, Реал си купи бек, нов договор за Икарди…

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Алисон отпатува за Англија, Реал си купи бек, нов договор за Икарди…

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

БОМБА: Главна вест на денот е дека Ливерпул конечно постигна договор со Рома за трансфер на голманот Алисон. Бразилецот ќе стане најскап голман во историјата на фудбалот, „црвените“ за неговиот потпис ќе платат 75 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– Италијанските медиуми пренесуваат дека Бонучи постигнал договор со ПСЖ и сака да го напушти Милан. Сега останува уште двата клуба да се договорат околу отштетата (ОВДЕ).

– Вчера се појави информација дека Реал постигнал договор со Челзи за трансфер на Куртоа за 35 милиони евра. Меѓутоа „крачевите“ го сакаат во „пакет“ и Еден Азар и за двајцата понудиле 170 милиони евра.

– Јувентус не се откажува од Диего Годин и му понуди тригодишен договор. Во наредните денови „старата дама“ ќе испрати официјална понуда до Атлетико Мадрид. (ОВДЕ).

– Примарна цел на Милан ова лето е Алваро Мората, а италијанските медиуми пренесуваат дека Шпанецот му кажал ДА на Милан и веќе го известил раководството на Челзи дека сака да ја промени средината.

– Откриена е целосната трансфер стратегија на Реал Мадрид за ова лето. Кои се плановите на „кралевите“ можете да видете ОВДЕ.

Јанузај после една сезона во Реал Сосиедад повторно прави трансфер во Премиер лигата (ОВДЕ).

– Карло Анчелоти имал разговор со Анхел ди Марија и го повикал да се пресели во Наполи. Аргентинецот е на излезна врата од ПСЖ и би сакал да се пресели во Серија А.

– Челзи и Јувентус се во напредни преговори за трансферите на Ругани и Игуаин. „Сините“ се спремни за двајцата фудбалери да платат 100 милиони фунти.

– Челзи откако ја загуби битката за Алисон, сега ќе се насочи кон ангажман на Џиџо Донарума. Милан за својот голман бара сума од 60 милиони евра (ОВДЕ).

– Денешното издание на „Тутоспорт“ пренесува дека Пол Погба стапил во контакт со Јувентус и дека изразил желба да се врати во редовите на „старата дама“.

– Наводно, Тиаго Алкантара има голема желба повторно да го облече дресот на Барселона (ОВДЕ)

OФИЦИЈАЛНО: Реал Мадрид за сума од 30 милиони евра го доведе Алваро Одриозола! (ОВДЕ)

Спалети во никој случај не сака да остане без Мауро Икарди, па клубот е спремен да му понуди нов договор на напаѓачот кој беше најдобар стрелец во Серија А изминатата сезона (ОВДЕ)

– Според информациите на „РМЦ Спорт“, Eден Азар веќе постигнал вербален договор со Реал Мадрид. (ОВДЕ)

Дејвид Бекам во своето последно интервју најави голем трансфер и доаѓање на еден од најдобрите играчи од селекцијата на Хрватска, но не откри за кого станува збор. (ОВДЕ)

– „Мундо Депортиво“ пренесува дека Жозе Мурињо би можел да тргне по потписот на својот миленик од Реал Мадрид, Рафаел Варан.

– Експертот за трансфери, Џанлука Ди Марцио: Трансферот на Алисон Бекер во Ливерпул вечерва ќе биде потврден

– Доколку Тибо Куртоа навистина го напушти Челзи и направи трансфер во редовите на Реал Мадрид, како замена „сините“ би можеле сензационално во своите редовите да го вратат Петар Чех. (ОВДЕ)

– Алисон отпатува за Англија!

– Менаџерот на Евертон, Марко Силва покажал интерес напаѓачот, Дани Велбек, пишува „Тајмс“

– Наводно Барселона го известила Арсенал дека доколку го сакаат Андре Гомеш ќе мораат да платат 20 милиони евра

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…