Денешната ждрепка за четвртфиналето во Лигата на шампионите во Нион сакаше да ги спои двата европски гиганти и поранешни европски шампиони Барселона и Манчестер Јунајтед, секако ова е двомечот кој привлекува најголемо внимание.
Барселона предводена од Меси два пати го победуваше Манчестер Јунајтед. Прво тоа се случи во Рим 2009 година, а потоа во 2011 година на „Вембли“ и во двата натпревари Лионел Меси ја погодуваше мрежата на англискиот клуб.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Но, она што е интересно и што секако ги радува навивачите на Манчестер Јунајтед е следниот податок – Барселона никогаш не го елиминирала Манчестер Јунајтед во двомеч од Лигата на шампионите.
Шпанскиот и англискиот клуб два пати се сретнале во елиминационата фаза. Прво во 1983/1984 кога после поразот од 0:2 на „Ноу Камп“, дома славеа со 3:0 во Купот на победниците на куповите.
На вториот двомеч кога Манчестер Јунајтед ја елиминираше Барселона многумина се сеќаваат поради Пол Сколс кој со еден гол го реши полуфиналето во сезоната 2007/2008 и тоа беше еден навистан прекрасен погодок. Претходно во Барселона мрежите мируваа (0:0) и тоа беше единствениот натпревар од 11-те кој заврши без голови.
https://www.youtube.com/watch?v=YW2uxsVPtDQ
„Црвените ѓаволи“ имаат и една победа во финалето на Купот на победнеците на Куповите во 1990/1991 со резултат 2:1, додека во групната фаза од ЛШ на четири натпревари имаа просек од нешто повеќе од четири гола по натпревар.
Секако најмногу се паметат двата натпревари кога овие два тима беа сместени во групата „Д“ во ЛШ, тогаш и на „Олд Трафорд“ и на „Ноу Камп“ конечниот резултат беше 3:3.