Дома Фудбал Англија Тотенхем наредната сезона ќе игра на нов стадион од 850 милиони фунти!

Тотенхем наредната сезона ќе игра на нов стадион од 850 милиони фунти!

Како што дознава „Скај Спорт“, „Вембли“ повеќе нема да им биде потребен.

Изградбата на новиот стадион Спарсите ги чинеше околу 850 милиони фунти и ќе биде спремен за наредната сезона, тврди „Скај Спорт“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Постоеа гласини дека управата на Тотенхем ја замолила ФА да добијат продолжување на рокот за донесување на одлуки за тоа каде ќе играат наредната сезона бидејќи постоеше страв дека работата нема да биде завршена на време, па „Вембли“ во тој случај би им бил повторно потребен.

Но, сега изгледа е јасно дека Тотенхем од наредната сезона добива нов стадион.

Пробниот натпревар ќе биде одигран кон почетокот на август, а Тотенхем од ФА ќе побара само првите неколку кола да игра на гости, за стадионот да биде максимално спремен за официјалното деби.

Новиот стадион на Тотенхем ќе има капацитет од околу 62.000 гледачи, а на него ќе се играат и одредени НФЛ натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Полицијата истражува „намерно“ добиен жолт картон

Фламенго го поддржа својот фудбалер Бруно Енрике, откако федералната полиција го обвини де…