Дома Фудбал Торес од болница порача: Ќе се вратам брзо!

Торес од болница порача: Ќе се вратам брзо!

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, се огласи преку Твитер по повредата со која се здоби на натпреварот со Ла Коруња и ги успокои фановите кои се плашеа за неговото здравје.

Страшна беше глетката на „Ријазор“ во 84 минута, кога по сударот со Алекс Бергантинос, Фернандо Торес остана неподвижен да лежи на теренот. Ударот бил толку силен што го слушнале и оние кои биле на клупата на Атлетико Мадрид, заедно со тренерот Симеоне, кој по ударот жестоко реагираше кај четвртиот судија.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Торес во болницата станал свесен, разговарал со лекарите, а во текот на ноќта непрекинато примал пораки од соиграчите и колегите.

Ветаранот на сите им заблагодарил за поддршката и преку Твитер порача дека бргу ќе се врати на фудбалските терени.

„Беше тоа само лажна узбуна. Ви благодарам за пораките на поддршка кои ми ги упативте. Се надевам дека набргу ќе се вратам на терените“, напиша Фернандо Торес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд добива нов договор со кој ќе сруши рекорд во Премиер лигата

Манчестер Сити летово ќе се обиде да потпише нов договор со првата ѕвезда во тимот, Ерлинг…