Кои се најдобрите голмани во најсилните пет лиги, Бундес лига, Премиер лига, Лига 1, Серија А и Примера.
Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас статистички е „крал на пеналите“ со три четвртини одбранети пенали од сезоната 2015/2016 до денес. Во продолжение да видиме кои се неговите колеги на оваа листа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Веќе споменавме Кејлор Навас е најдобриот во Европа, а со самото тоа и во Примера. Навас има процент од 66.6% со шест одбранети удари од девет обиди.
Во Премиер лигата во оваа категорија најдобар е Еурелио Гомеш, Бразилецот кој го брани голот на Вотфорд има процент на успешност од 31.3%. Гомеш одбрани пет од 16 удари од белата точка во последните три сезони.
Во Италија каде што секогаш има голема конкуренција кога се голманите во прашање, во овој сегмент најдобар е Федерико Маркети поранешниот голман на Сампдорија. Маркети има процент на одбранети удари од 63.6% со седум одбранети удари од 11 обиди.
Во Бундес лигата во изминатите три години доминира Ралф Фарман. Шалке секогаш може да се потпре на голманот кој од 18 пенали одбрани седум, што дојде до просек од 38.9%.
Во Франција на врвот како најдобар голман за одбранети пенали се издвојува Бено Костиј кој бранеше прво за Рен, па потоа за Бордо. Овој голман одбрани шест удари од белата точка од вкупно 11 обиди со што стигна до процент од 54.5.