Дома Фудбал Останато Треба ли да се размисли за промена на ВАР? Што со големиот број пенали?

Треба ли да се размисли за промена на ВАР? Што со големиот број пенали?

ВАР во фудбалот донесе позитивни работи, но веројатно нешто мора да се промени во неговото користење.

Имено, до овој викенд (до неделата) беа одиграни 24 натпревари во најсилните топ 5 првенства и и досудени се – 15 пенали! Ова е навистина голема бројка и сигурно нема човек кој следи фудбал да не го забележи зголемиот број казнети удари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Викендов најмногу пенали доби Лестер во еден натпревар дури три, во победата против Сити од 2:5.

Како најдобар пример ситуација во која не требаше да има пенал викендов веројатно видовме во дуелот помеѓу Тотенхем и Њукасл. Мурињо со право беше бесен, а дека вакво нешто не треба да биде пенал призна и тренерот на Њукасл по натпреварот иако неговиот тим со тој пенал стигна до бод. Едноставно топката го погоди Дајер во рака од зад грб, тој не ја ни гледаше.

Ваквиот податок мора надлежните да ги натераат да размислат за некаква промена во користењето, убаво е да нема грешки во судењето, меѓутоа некакво разграничување мора да има ова се премногу пенали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …