Денеска во просториите на РК Пелистер и официјално беше претставен новиот тренер на клубот Томе Петрески. Петрески дебитираше на гостувањето на Пелистер во Скопје, на натпреварот против екипата на Пролет, каде доживеа пораз.
„Среќен сум што сум одговорен во стручниот штаб на РК Пелистер. Со претседателот Васко Ковачевски не ни требаше многу време за да постигнеме договор. во секој случај проблем се јавува, им беше објаснето на играчите на првиот состанок. Никој не сака да доаѓа до промена на тренерската позиција. Се обидов наједноставно да им објаснам на играчите, претходните тренери имале доверба во овој играчки кадар и ја спродолжувам да имам доверба. Без неа не можеме да напредуваме.Многу брзо ќе треба да се прилагодат на мојот систем на функционирање, на работа , кој е едноставен, модерен и брз ракомет. Досега сум задоволен од играчите, максимално ги извршуваат своите задачи, но во секој случај ни недостасува уште време, но има многу напредок. Со самиот начин на тренинг се подобри и атмосферата. Полека мора да се стабилизираме и со атмосфера ќе си стигнат и резултатите. Како одговорна личност не сум твдрел нема ни да тврдам некои резултати. Сме слушале многу тренери и стручњаци кои се занимаваат со тие работи, па ништо на крајот. Моја задача е да се направи добра работна атмосфера и резутатот ќе си дојде сам по себе. Ја замолувам и ракометната јавност на Битола и пошироко, за трпение, полека сакаме да го дигнеме клубот на повисоко ниво“, изјави денеска Петрески.