Дома Фудбал Италија Толку од ГОЛЕМИТЕ амбиции – Кинезите го продаваат Милан!?

Толку од ГОЛЕМИТЕ амбиции – Кинезите го продаваат Милан!?

На 14 април, Јонгхонг Ли, кинескиот бизнисмен тежок пола милијарда долари пристигна во Милан, а еве што порача на претставувањето.

„Му благодариме на Берлускони на довербата, навивачите на Милан немаат трпение. Го направивме најголемиот и најтешкиот черкор, а сега одиме напред во нови победи. Милан е клуб со светско реноме и ќе го вратиме на врвот во светскиот фудбал. Од денес започнува реконструкцијата на Милан“, зборуваше Ли.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Со ова беше завршена долгата ера од 31 година на контроверзниот бизнисмен и политичар на клупата на Милан. „Росонерите“ во ерата на Берлускони освоија 29 трофеи, сепак во последните години овој тим е далеку од старата слава и беа потребни нови големи вложувања за гигантот да се врати онаму каде што припаѓа.

Според договорот Кинезите се обврзаа за три години во Милан да инвестираат 350 милиони евра. Започнаа навистина жестоко и во нивниот прв преоден рок потрошија повеќе од 220 милиони евра.

Сепак, само еден месец подоцна и пола година откако го превземаа клубот, Ли Јонгонг наводно бара купувач за 25% од акциите на Милан кои ги нуди за 200 милиони евра. Барем засега заинтересирани нема.

Овој потег Ли наводно го прави поради долгот од 80 милиони евра, односно ратата за кредитот во вкупен износ од 300 милиони евра кој инвестицискиот фонд го „подигна“ при купувањето на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Де Јонг: За мене се пишуваат многу лаги…

Френки де Јонг е една од најголемите мистерии во Барселона во овој момент. Во текот на мин…