Дома Фудбал Останато Тоа е Динамо: Ќе заработи 13 милиони евра од трансфери, а не продаде ниту еден играч

Тоа е Динамо: Ќе заработи 13 милиони евра од трансфери, а не продаде ниту еден играч

Последната ситуација со Динамо Загреб е само уште еден доказ дека хрватскиот гигант е тимот кој убедливо најдобро работи на овие простори.

На основа на солидарниот фонд на УЕФА, Динамо ќе инкасира сума од 13 милиони евра без да продаде ниту еден играч. Овие пари Динамо ќе ги добие од трансферите на Матео Ковачиќ, Марсело Брзовоиќ и Јошко Гвардиол кој наскоро треба да стане играч на Манчестер Сити.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сите тројца фудбалери помеѓу својата 13-та и 23-та година играле за „модрите“, па Динамо од трансферот на Ковачиќ во Челзи доби 2% од сумата, односно 600.000 евра. Од трансферот на Брозовиќ инкасираа 1.8 милиони евра, а најмногу пари им носи преселбата на Гвардиол од Лајпциг во Манчестер Сити.

Гвардиол со сума од 90 милиони евра ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата, додека Динамо ќе добие 15% од таа сума или 10.5 милиони евра.

Дополнително Динамо може да заработи и од трансферот на Дани Олмо, ако тој биде продаден „модрите“ ќе инкасираа 20% од сумата од неговиот трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе повеќе нема да биде капитен на Франција? Л’eкип: Ситуацијата е сложена

КИЛИЈАН МБАПЕ (25) не беше дел од француската репрезентација за натпреварите со Израел и Б…