Синоќа Наполи му врачи отказ на Карло Анчелоти, а за негов наследник ќе биде назначен неговиот „пулен“ Џенаро Гатузо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Италијанските медиуми уште вчера најавија дека Наполи има комплетен договор со екс тренерот на Милан, а повеќе нема дилеми дека Гатузо ќе седне на кормилото на Наполи.
Гатузо утрово пристигна во Неапол, а попладнево го одработи првиот тренинг со играчите, па во 18 часот ќе ја има првата пресконференција.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Гатузо уште од првиот ден се одлучил на радикален потег и го испратил тимот во карантин до мечот против Парма викендов.
Гатузо и неговите помошници ќе бидат во карантин заедно со тимот, а Елмас и дружината ќе имаат тренинзи по два пати на ден.
#Napoli, #Gattuso verso la sua prima decisione da allenatore https://t.co/Bg32Zi3XOi
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) December 11, 2019