Преодниот рок за некои фудбалери се уште не е завршен…
Зимскиот преоден рок ширум светот заврши вчера, но во одредени лиги се уште е отворен.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Секако, како и секоја година кога ќе помине 31 јануари во фокусот на јавноста доаѓаат фудбалерите кои не успеале да пронајдат клуб. Тимот навистина не е лош и во него се наоѓаат вистински фудбалски ветерани кои зад себе имаат блескави кариери
Помеѓу слободните е и Црногорецот, Мирко Вучиниќ кој е без клуб, а она што може да се забележи е дека половина тим е составен од поранешни фудбалери на Арсенал.
Имено, без клуб во овој момент се: Бакари Сања, Самир Насри, Алекс Сонг, Метју Фламини и Маруан Шамак.
На голманската позиција има нешто послаба конкуренција па место во тимот доби поранешниот чувар на мрежата Диего Кавалери (35) кои во последните години бранеше за Фламиненесе.
Во средниот ред тука е искусниот Жереми Тулалан кој се раздели од Бордо, а на позицијата крило место има за Диего Капел поранешниот напаѓач на Севиља, Спортинг и Андерлехт.
Покрај нив тука се Патрис Евра и Габриел Палета.