Дома Фудбал Италија Кристиано Роналдо е најлошиот изведувач на слободни удари во Италија! (ФОТО)

Кристиано Роналдо е најлошиот изведувач на слободни удари во Италија! (ФОТО)

Португалскиот напаѓач Кристиано Роналдо и официјално е најлошиот изведувач на слободни удари во италијанското првенство.

Кристиано едно време беше познат по одличните слободни удари, но изгледа дека тоа време помина. Погодокот против Шпанија на Светското првенство во 2018 година за него беше единствен во 2018 година од слободен удар.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Од кога е во Италија, се уште ниту еден погодок не претворил во погодок, па навивачите на „старата дама“ со причина се лути на Алегри затоа што не им дава повеќе шанси на Паоло Дибала и Миралем Пјаниќ.

Тие двајца пред доаѓањето на Јувентус беа вистинска опасност за противничкиот голман, но од кога дојде Роналдо се во втор план.

Роналдо оваа сезона се обидел 13 пати да ја затресе мрежата од слобоен удар, но не успеал ниту еднаш и поради тоа е најлошиот изведувач на слободни удари во Италија. Ниту во Реал не беше кој знае колку добар во овој сегмент бидејќи само шест посто од слободните удари завршиле во противничката мрежа.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…