Дома Трансфер зона Тимот на Јувентус од слободни играчи изгледа – импресивно! (ФОТО)

Тимот на Јувентус од слободни играчи изгледа – импресивно! (ФОТО)

Икер Касиљас минатата недела порача дека трансферите на Јувентус ги реализира магионичарот Хоудини. Во пораката на социјалните мрежи легендарниот голман истакна дека она што го прават во Јувентус во последните години е еднакво на магија.

„Старата дама“ само оваа година во Торино успеаа да доведе двајца играчи за врска кои се помеѓу најдобрите и тоа бесплатно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трансферот на Рамзи е потврден од пред неколку месеци, а денес лекарските прегледи ги минува Адриен Рабио.

Пред нив на „Алијанц стадионот“ пристигнаа низа звучни имиња кои се беа без договор, а идеалниот тим составен од играчи кои Јувентус ги доведе бесплатно изгледа навистина импресивно, посебно средниот ред.

На голот е Нето кој премина од Фиорентина во Јувентус, а пред неколку дена овој голман натправи трансфер од Валенсија во Барселона.

Во одбраната би играле Дани Алвес, Лусио и Андреа Брзаљи еден од симболите на тимот кој во последните осум години доминира на Апенините. Сепак, светскиот шампион со Италија не пристигна целосно бесплатно тој беше платен 300.000 евра кога Волфсбург го замени со Јувентус.

Средниот ред како што би кажал Касиљас е магија! За Андреа Пирло нема потреба да се трошат зборови, потоа тука се Кедира, Емре Чан, Пол Погба и споменатите Рабио и Рамзи.

Нападот би го предводен Фернандо Љоренте. Сегашниот напаѓач на Тотенхем член на Јувентус беше од 2013 до 2015 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…