Екипата на Тиквеш без ниту еден официјален натпревар се раздели со тренерот Драган Марковиќ.
Босанскиот стратег кој во кариерата водеше и клубови од Бундеслигата требаше да донесе квалитет во кавадаречкиот тим, меѓутоа не успеа да ги задоволи апетите на раководството.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ја известуваме ракометната спортска јавност дека Драган Марковиќ повеќе не е тренер на ГРК ТИКВЕШ“, објави клубот од Кавадарци.
На турнирите во Струга и Прилеп во предсезоната, Тиквеш одигра далеку под очекувањата и отказот доаѓа по вчерашниот убедлив од Еурофарм Пелисте 2.