Дома Фудбал Останато Тешки критики за Икарди: Тој знае само да даде гол од сервирана шанса за друго е неспособен

Тешки критики за Икарди: Тој знае само да даде гол од сервирана шанса за друго е неспособен

Maуро Икарди нема баш многу симпатии од јавноста и за тоа е самиот виновен заедно со сопругата Ванда чиј потези дополнително придонесуваат за лош имиџ на Аргентинецот.

Од Интер си замина токму поради недисциплината и за негова среќа ПСЖ е како „природна“ средина за таквите (недисциплинирани) фудбалери.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


На таа тема зборуваше легендарниот фудбалер Паоло Ди Канио.

„Зошто Анчелоти би сакал некој како Икарди во Наполи? Некој кој не може да се извини на соиграчите поради зборовите на неговата жена-менаџер? Освен тоа се што знае Икарди е да постигне гол кога ќе му се сервира идеална шанса. Кога се останатите работи во прашање тој е неспособен за оние работи со кои се одликува еден модерен голгетер. Воопшто не сум изненаден што заврши во ПСЖ. Тој клуб стана дом за проблематичните играчи“, изјави Ди Канио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Голман Иранец ја критикуваше власта: му се губи секоја трага од апсењето

Од 24 февруари оваа година никој не знае ништо за поранешниот голман на фудбалската репрез…