Ерик тен Хаг дефинитивно не го подобри Манчестер Јунајтед и тоа им е јасно на сите.
Од доаѓањето во клубот на Џим Ретклиф се погласно се зборува за негово заминување и изгледа дека би морал да направи чудо за да остане на клупата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што пренесуваат медиумите во Велика Британија, Ерик Тен Хаг во последниот натпревар против Ковентри во ФА Купот прво разочарал со случувањата на теренот, а потоа и со изјавите по мечот. Јунајтед во тој натпревар против Ковентри имаше 3:0, но дозволи второлигашот да дојде до 3:3, за потоа да се „вади“ на пенали.
И покрај фактот што загубија огромно водство против тимот од Чемпионшип во еден од најважните натпревари во сезоната, Ерик тен Хаг по мечот изјави дека е задоволен и медиумите сега пренесуваат дека таа изјава ги налутила луѓето во клубот.
Победата против Ковентри на пенали откако имаа 3:0, па дозволија на противникот да дојде до 3:3 Тен Хаг ја истакна како „големо достигнување“…
„Добро игравме, 75 минути ја контролиравме играта, а потоа можеме само да го пофалиме Ковентри за тоа што го направи во последните 15 минути. Сепак, за мене победа во ваква ситуација е успех и да се покаже победнички менталитет откако противникот ќе се врати е големо достигнување“, изјави Тен Хаг по средбата.