Барселона и Манчестер Јунајтед одиграа одличен натпревар во Лигата на Европа ремизирајќи 2:2.
На „Камп Ноу“ гледавме натпревар кој изобилуваше со шанси и покрај четирите постигнати голови можевме да видиме барем уште толку. По завршувањето на натпреварот тренерот Ерик Тен Хаг беше задоволен од она што го прикажа неговата екипа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Освен 15 минути во првото полувреме мислам дека го диктиравме темото на игра. Генерално, ова беше одличен натпревар. Иако игравме Лига на Европа, беше како натпревар од Лига на шампиони, навистина уживав. Одигравме 2:2 и имаме работа на „Олд Трафорд“, а по една ваква прикажана игра на двата тима сите ќе сакаат да го гледаат тој натпревар“
Го пофали својот тим, но и се пожали на судењето.
“Има многу карактер и решителност во овој тим. Првиот гол беше важен за самодовербата, добро е што брзо се вративме. Судијата според мене имаше влијание на резултат. Над Рашфорд имаше чист прекршок, може да се дебатира дали беше надвор или внатре, но потоа тоа е и црвен картон затоа што беше еден на еден со голманот. Тоа е големо влијание. не само за натпреварот, туку и за целиот двомеч, судиите не би смееле да прават такви грешки“, додаде Холанѓанецот.
СИТУАЦИЈАТА ЗА КОЈА ЗБОРУВА ТЕН ХАГ
Penalty? Red card for Koundé? Foul?
— Reyi (@Reinaldodcg9) February 16, 2023
What do you think of this play between the French defender and Marcus Rashford? #BARMUN
pic.twitter.com/s0rKycVpjx