Дома Фудбал Англија Тен Хаг: Роналдо одби да влезе во игра, мора да има последици

Тен Хаг: Роналдо одби да влезе во игра, мора да има последици

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг на денешната пресконференција проговори за инцидентот со Кристиано Роналдо.

Тен Хаг потврди дека Роналдо одбил да влезе во игра во последните минути против Тотенхем и поради тоа е исфрлен од тимот.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Да, тој одби да влезе. Доколку прашате за што разговаравме, тоа останува помеѓу мене и Роналдо. Изјавата на клубот е многу јасна. Тој останува важен дел од тимот. Јас сум менаџер, јас сум одговорен за културата овде и морам да воспоставам одредени стандарди и вредности, како и да ги контролирам“.

„Во тимот ги имаме овие вредности и јас ги контролирам. По Ваљекано му кажав дека тоа е неприфатливо, но не само за него, туку за сите. Ова беше втор пат и за тоа има последици. Ќе ни недостасува утре. Тоа е минус за тимот, но ова беше важно поради навиките и менталитетот во групата, сега треба да се концентрираме на мечот со Челзи“, изјави Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато колку Јунајтед треба да му плати на Тен Хаг ако го отпушти

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе треба да исплати отштета од околу 17,5 милиони фунт…