Дома Трансфер зона Тен Хаг не го сака, Мурињо го носи во Рома

Тен Хаг не го сака, Мурињо го носи во Рома

Рома се пласира во финалето од Лигата на Конференции, а Мурињо веќе спрема засилувања за следната сезона.

Како што пренесуваат англиските медиуми Мурињо сака да го донесе на „Олимпико“ десниот бек на Манчестер Јунајтед, Ван Бисака.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“, Тен Хаг нема да смета на Ван Бисака и му порачал да си бара нов клуб, а Рома сака да ја искористи таквата ситуација.

Двата клуба се во одлични односи и Рома сака да го донесе на позајмица со право на откуп.

Мурињо веќе разговарал со Ван Бисака и го убедил да се пресели во Рим и да им се придружи на сонародниците Абрахам и Смолинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…