Во последната рунда квалификации за мастерсот во Шангај видовме ситуација каква што не се гледа често на тениските терен.
Австралиецот, Марк Полманс при водство од 1:0 во сетови во тај брејкот од вториот сет против Стефано Наполитано од Италија промаши лесен удар на мрежа. Тоа толку многу го налути што неконтролирано го удри топчето и тоа заврши директно во лицето на судијата.
Marc Polmans, on 7-6 6-6 (6-6), has been disqualified from the Shanghai Masters Q2 match for accidentally hitting the chair umpire after missing match point. 🚨
— Relevant Tennis (@RelevantTennis) October 3, 2023
Stefano Napolitano won the match. pic.twitter.com/ufttBJOyde
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За ваквиот потег секако веднаш заработи дисквалификација. Оваа ситуација потсети на моментот на УС Опен од пред неколку години. Тогаш Новак Ѓоковиќ исто така беше диквалификуван откако удри со топче еден од помошните судии, но треба да се напомене дека оваа ситуација во Шангај беше далеку посериозна.