Чешката тенисерка и двократна освојувачка на Вимблдон, Петра Квитова синоќа била нападната со нож во нејзиниот дом, пренесоа светските медиуми.
Според првичните информации, Квитова не е во животна опасност и има повреда на левата рака, а нападот се случил во нејзиниот дом во чешкиот град Простејов.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Портпаролот на тенисерката, Карел Тејкал, потврди дека непозната личност влегла во домот на тенисерката и со ладно оружје ја нападнал Чехинката.
Тејкал вели дека тоа било криминален чин и испрати молба до медиумите да не се шпекулира околу причините за нападот.