Репрезентацијата на Турција се соочува со голем хендикеп пред Европското првенство и на турнирот на најдобрите нема да може да смета на дефанзивецот Озак Кабак.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кабак се повреди во пријателскиот натпревар против Италија по што веднаш бил изнесен на носилки од теренот. Првичните најави се дека станува збор за скинати лигаменти и ќе биде надвор од терените до крајот на годината.
Во овој момент тој го носи дресот на Хофенхајм, а во минатото играше и за Ливерпул.
На Европското првенство Турција ќе игра во група со Грузија, Португалија и Чешка. Пред почетокот ќе одиграат и уште еден пријателски натпревар и тоа против Полска.
Во вчерашниот натпревар против Италија погодоци немаше.