Дома Фудбал Останато Тебас: ПСЖ го крши Финансискиот фер-плеј и му штети европскиот фудбал

Тебас: ПСЖ го крши Финансискиот фер-плеј и му штети европскиот фудбал

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас уште еднаш остро го критикуваше работењето на Пари Сент Жермен.

Тебас тврди дека ПСЖ ги крши правилата на Финансиски фер-плеј и дека со тоа го повредува европскиот фудбал.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Го критикувам ПСЖ бидејќи овој клуб не генерира толку пари колку што чини неговиот состав. Ова ја нарушува економската состојба во европскиот фудбал. Како може ПСЖ да го објасни фактот дека тимот е вреден околу 600 милиони евра? Ако го освоите францускиот шампионат, заработувате не повеќе од 45 милиони евра. Се обратив до претседателот на ПСЖ и претседателот на француската лига со барање да ми покажат бројки, финансиски извештаи, како нашите, но никој не ми одговори“.

„Тие се секогаш таму кога треба да ме критикуваат, но не сакаат да ми одговорат. Можам да докажам дека ПСЖ го крши финансискиот фер плеј и тоа со бројки. За мене нема разлика дали Меси и Нејмар остануваат во ПСЖ, факт е дека овој клуб му штети на европскиот фудбал, и јас не сум единствениот што се придржува до ова мислење“, изјави Тебес за „Екип“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Италија повторно тагува, “азурите” го пропуштаат третото по ред светско првенство

Италија не успеа да се квалификува на трето по ред светско првенство. “Азурите”…