Дома Трансфер зона Таткото на Лео Меси за наводните преговори со ПСЖ

Таткото на Лео Меси за наводните преговори со ПСЖ

Таткото на аргентинскиот фудбалер Лео Меси даде кратка изјава за наводните преговори со ПСЖ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меси се поврзува со францускиот првак веќе неколку недели и според тврдењето на некои медиуми, неговиот татко и агент наводно веќе преговарал со ПСЖ.

„Ова е лага. Јас сум во Аргентина од септември.“ – напиша Хорхе на својот Инстаграм профил и така им стави крај на гласините.

Аргентинецот ќе остане во Барселона барем до летото, а тогаш како слободен играч може да ги напушти Каталонците.

Освен ПСЖ се поврзува и со Манчестер Сити, но и натаму не е позната неговата конечна одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Инсајдер открива колку ќе заработува Модриќ ако остане во Милан

Лука Модриќ (40) во летото 2025 година го напушти Реал Мадрид откако му истече договорот и…