Дома Македонски спорт Мак ракомет Талески: Ја добивме најтешката група, но покажавме дека можеме против силни селекции!

Талески: Ја добивме најтешката група, но покажавме дека можеме против силни селекции!

Maкедонската ракометна репрезентација денес ги доби противниците за Светското првенство јануари кое ќе се игра во Полска и Шведска.

Ждрепката која денес се одржа во Катовице сакаше црвено-жолтите да играат во група со Норвешка, Аргентина и Холандија.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Групата не е лесна воопшто, Норвешка ја добивме од садот на носители, но таму реално и нема простор за бирање сите противници се и тоа како силни селекции. Аргентина ја добивме од третиот шашир каде што можеше да биде некоја од Унгарија, Србија, Саудиска, Арабија,

Свој коментар даде и еден од нашите најдобри ракометари Филип Талески.

„Според мене ја добивме најтешката група. Сите противници се со голем подем во ракометот. Од последниот шешир ја добивме Холандија, која веројатно најтежок ривал оттаму, слично и со третиот. Сепак, ние покажавме дека можеме да играме против силни селекции и ќе треба маскимално да се подготвуваме за тешка борба и тешки натпревари. Ние ќе одиме и ќе се надеваме на најдобро. Направивме еден добар систем и една добра атмосфера, која почнува да не краси и да биде наш заштитен знак““, изјави Талески.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…