Македонската ракометна репрезентација забележа победа над Израел со добрата игра во второто полувреме (31:28)
Филип Талески, кој е еден од лидерите на репрезентацијата, го анализираше мечот и посочи кои аспекти треба да се подобрат.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Мораме побрзо да се враќаме назад, мислам дека тоа ни беше слаба точка на овој натпревар. Она што го анализиравме, се оствари, цело време натпреварот беше турбулентен. И во нападот имавме доста технички грешки, тоа треба да го намалиме на една или две по натпревар, но тоа се работите што треба да ги подготвиме. Добро сме спремни, можеме да трчиме, но таа навика за враќање назад треба да се подобри до стартот на ЕП“, изјави Талески.