Дома Останати Ракомет Тажен ден во светот на ракометот: Легендарниот ракометар кажа збогум!

Тажен ден во светот на ракометот: Легендарниот ракометар кажа збогум!

Одличниот, легендарен ракометар на европскиот и шпанскиот ракомет, Јулен Агинагалде одлучи да стави крај на својата професионална кариера.

Искусниот пивот кој има 41 година кариерата ќе ја заврши во клубот во кој почна да се занимава со ракомет, поточно Бидасоа Ирун.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Агинагалде ја започна својата кариера уште во 1999 година во гореспоменатиот Бидасоа Ирун и остана таму до 2006 година.

После тоа, неговиот пат го однесе до Адемар Леон, каде остана три години, а потоа играше за Сиудад Реал и Атлетико Мадрид до 2013 година, кога направи трансфер во Киелце.

Во Киелце остана седум години и со нив ја освои Лигата на шампионите во ЕХФ во 2016 година. Во летото 2020 година се врати во Бидасоа Ирун каде ќе ја заврши кариерата.

Сите љубители на ракометот лесно ќе се сеќаваат на збогувањето кое навивачите на Киелце му го дадоа на Агинагалде во летото 2020 година.

Овој голем пивот каде и да играше освојуваше титули, а со Сиудад Реал го освои шпанскиот шампионат во 2010 година, во Киелце беше дел од доминацијата во полскиот шампионат, а освоија седум последователни шампионски титули.

Претставувајќи ја Шпанија, тој го освои Светското првенство во 2013 година, Европското првенство во 2018 и 2020 година и бронзата на Олимписките игри во 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…