Италија денеска е погодена со тажна вест, почина легендарниот Тото Скилачи.
Скилачи почина на 59-годишна возраст откако подолго време се бореше со тешка болест. Пред неколку дена тој беше пренесен во болница поради влошување на состојбата, а за жал докторите не успеаа да го спасат неговиот живот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Најмногу ќе остане запаметен по неговите фантастични настапи на Светското првенство во 1990 година кога со шест гола беше најдобар стрелец на турнирот.
Во клупската кариера со Јувентус и Интер го освојуваше Купот на УЕФА, а играше уште и за Месина. Кариерата ја заврши со над 200 постигнати погодоци.