Дома Фудбал Германија Тага во Германија: Почина голманот кој имаше 444 настапи во Бундеслигата

Тага во Германија: Почина голманот кој имаше 444 настапи во Бундеслигата

Oд Германија пристигнува тажна вест, почина Диетер Бурденски (73), едно од најголемите имиња во историјата на Вердер Бремен и легенда на Бундеслигата.

Поранешниот голман почина во болницата во Бремен само четири дена подоцна откако како почесен гостин го гледаше тимот на Вердер. Тој се појави на стадионот како дел од тимот кој во 1999 година го освоигерманскиот куп.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во Вердер помина дури 16 години, од 1972 до 1988 година и собра 444 настапи во најсилната германска лига. Настапуваше и за репрезентација, а беше дел и од две големи натпреварувања, Светското првенство во 1978 година и Европското во 1984.

Најголемиот успех во кариерата му е титулата шампион на Германија со Вердер во 1988 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Сандерленд се засили со играч на ПСЖ

Сандерленд го донесе Норди Мукиееле од Пари Сен Жермен, соопштуваат од англискиот клуб. До…